Србија се задолжува со 1,9 милијарди евра за купување 12 авиона „Рафал“

Србија се согласи на заем од 1.921.500.000 евра со неколку француски банки и финансиски институции за плаќање на 12 авиони „Рафал“ и сродни производи и услуги, објави Форбс/Србија.

За задолжувањето се гледа во предлогот на Законот за потврда на кредитни аранжмани, на веб-страницата на Парламентот на Србија – според Законот за јавен долг, Собранието на Србија мора да го потврди задолжувањето на државата.

На 29 август 2024 година, владата, преку Министерството за одбрана, склучи договор со „Дасолт Авијација“ за набавка на 12 авиони „Рафал“ и сродни производи и услуги.

Вкупната цена на набавка на опремата што треба да се испорача и услугите што треба да ги изврши продавачот според комерцијалниот договор изнесува 2.745 милиони евра.
Веќе е платен износ од 30 отсто од таа сума .
Кредитниот аранжман, како што се наведува, ќе биде достапен преку директни плаќања на продавачот за стоки и услуги што ќе бидат испорачани и извршени во согласност со комерцијалниот договор.

Неколку француски банки и кредитни институции се наведени како оригинални заемодаватели – Bred Banque Populare со учество во износ од 163.327.500 евра.

Корпоративната и инвестициска банка „Кредит Агрикол“ и „Кредит Индустриел и Комерцијал“ учествуваат со по 345.870.000 евра.

Од „Кредит Лион“ се очекува заем од 163.327.500 евра, додека „Сосиет Женерал“ ќе обезбеди заем од 422.730.000 евра. Тука е и „Натиксис“ со учество во кредитот од 480.375.000 евра.
Договорена е примена на варијабилна каматна стапка. Се базира на шестмесечниот Еурибор, зголемен за применливата фиксна маргина од 0,98 проценти годишно, наведува Фобрс/Србија.

Зачлени се на нашиот е-билтен