Средба Мелони-Макрон во Рим

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска го пречека францускиот претседател Емануел Макрон во Рим.

Целта на средбата е намалување на тензиите меѓу двајцата лидери, кои произлегоа во последно време по неколку прашања, меѓу кои и Украина и американските царини, јавуваат италијанските медиуми.

На почетокот на средбата, Мелони и Макрон разменија бакнежи и срдечно се насмевнаа кон новинарите, пред да се повлечат на разговори, по кои ќе следува работна вечера.

За време на својата посета на Рим, Макрон нема да се сретне со неговиот италијански колега, Серџо Матарела.

Зачлени се на нашиот е-билтен