Српската полиција приведе во Нови Сад тројца универзитетски професори – Верољуб Наумовиќ од Академијата за уметности, Милош Јоциќ од Филозофскиот факултет како и деканката на Медицинскиот факултет во Нови Сад, потврди во соопштение Академската мрежа Слободен Универзитет.
Според извештаите, двајцата мажи биле обезбедувачи на вчерашните протести. Засега нема официјалнои соопштение за причината за нивното приведување. Се очекува двајцата професори и деканката да бидат изведени пред судија во текот на денот.
Јоциќ бил обезбедувач на раскрсницата во близина на Јавното градско сообраќајно претпријатие, каде што се случил инцидент и едно лице било уапсено по конфронтација со полицаец.
Според новосадски медиуми, полицијата го извела од станот без налог, со нејасно образложение дека „сакале да разговараат“ за наводното нарушување на јавниот ред и мир, иако, како што наведоа организаторите на протестите, приведеното лице во претходните денови „не учествувало во никаков инцидент“.
Академскиот пленум објави дека апсењето на тројца професори на Универзитетот во Нови Сад за помалку од 24 часа го смета за репресија и одмазда од страна на властите за поддршка на студентските барања.