Стејт департментот издвојува 250 милиони долари за доброволни депортации на мигранти

Стејт департментот објави дека доделил 250 милиони долари на Министерството за внатрешна безбедност на таа земја, наменети за доброволна депортација на мигранти без легален статус.

Како што изјави портпаролот на Стејт департментот средствата биле префрлени „за да се обезбеди бесплатен лет, престој и бонус за излез за да се охрабрат и помогнат нелегалните странци доброволно да ги напуштат САД“.

Како што рече поранешната заменик-помошничка на државниот секретар Елизабет Кембел, историски гледано, тие средства претходно се користеле „за да се обезбеди заштита на ранливите луѓе“ во странство и за преселување на бегалците во САД.
Стејт департментот соопшти дека неговото биро за бегалци сега ќе се фокусира главно на напорите за „враќање на нелегалните странци во нивните земји на потекло“.

Зачлени се на нашиот е-билтен