Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Стерјовски за МЦН: Во Албанија живеат над 100 илјади Македонци

Претседателот на единствената македонска партија во Албанија,  – Македонска алијанса за европска интеграција,  Васил Стерјовски, за албанската МЦН, зборува за бројноста на македонската заедница и каде главно е сконцентрирана.

Според него, македонската заедница реално брои над 100 илјади на целата територија на Република Албанија и доколку би бил спроведен реален попис тоа ќе се потврди.

– Македонската заедница официјално живее во областите Гора, Голо Брдо, Преспа, Врбник и областа Девол, долж албанско – македонската граница. За жал и ден денес се следи комунистичката политика, која нас Македонците не признава како малцинство само во областа Преспа, Општина Пустец. Не ги признаваат Македонците во Гора и Голо Брдо. Ним дополнително им се вршеше притисок и на другите пописи да не се изјаснуваат она што се – Македонци, рече Стерјовски.

Освен во овие области повеќе десетина илјади Македонци живеат во Тирана, Елбасан, Драч, Кукс и други градови. 

Зачлени се на нашиот е-билтен