Јавните здравствени установи годинава ќе добијат зголемен буџет за сто милиони евра, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Ако минатата година буџетот се движеше некаде околу 27 милијарди денари, сега е некаде околу 33,2 милијарди денари или 540 милиони евра, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека со мартовската плата ќе продолжи исплатата на зголемениот личен доход за лекарите и медицинскиот персонал.