Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Стојаноски: Ќе има законски измени за поголеми казни во сообраќајот

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, по прегазувањето на 22 годишната Фросина, Стојаноски најави законски измени во Собрание со кои казните за сообраќајни прекршоци ќе се зголемат, а ќе се одземе и можноста за различно толкување.

Тој најавува и јавна дискусија

„Треба да се проверат оние членови на законите кои што ги терминираат казните за овие дела бидејќи сега вака како што се поставени, некој судија може да ги толкува на еден или на друг начин. Веќе во понеделник ќе почнеме со поставка за организирање на јавна дискусија за да можеме ова прашање да го отвориме пред Собранието, и тоа експресно брзо ќе се случи веќе наредната недела. Да видиме како овие членови би се промениле со цел ваквите дивјаци, ваквите деликвенти да бидат соодветно казнети и овие дела повеќе да не ни се случуваат“, вели Стојаноски.

Тој рече дека и овие 2% доверба во правосудството и судството се високи за работа која ја покажуваат.

„Ние какви и закони да сакаме да направиме, ако тие луѓе не си ја работат работата или ако наоѓаат дупки во законите да го прават ова што го прават, тогаш тоа нема да ги даде одговорите на прашањата“, вели Стојаноски.

Зачлени се на нашиот е-билтен