Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Стопанската комора и Државната комисија за спречување на корупцијата потпишаа Меморандум за заедничка борба против корупцијата

Стопанската комора на Северна Македонија и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) потпишаа Меморандум за соработка, кој има за цел да ја зајакне борбата против корупцијата и да го унапреди интегритетот во општеството. Оваа иницијатива е дел од проектот „Граѓаните против корупцијата“, поддржан од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

На состанокот, кој се одржа во просториите на Стопанската комора, беа презентирани активностите на Стопанската комора во рамки на проектот, вклучително и резултатите од анкетата што Комората ја спроведе за изложеноста на компаниите на коруптивни барања од јавниот сектор во 2023 година. 

Меморандумот за соработка го потпишаа претседателот на Комората, Бранко Азески и претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска. Тој предвидува одржување на средби меѓу претставниците на двете институции, со можност за вклучување на компании членки на Комората и други релевантни институции со надлежности за спречување на корупцијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен