Во законодавниот дом денеска ќе бидат презентирани ставовите и препораките произлезени од двете појдовни анализи изработени од Институтот за комуникациски студии (ИКС) – „Странско мешање и манипулирање со информации во Република Северна Македонија“ од вон. проф. д-р Методи Хаџи-Јанев и д-р Маријан Стоилковски и „Документ за јавни политики: Осврнување на странското мешање и манипулирање со информации во контекст на европските регулативи“ од д-р Конрад Блејер-Симон, научен соработник во Центарот за плурализам и слобода на медиуми (Европски универзитетски институт – Фиренца, Италија), и во Европската опсерваторија за дигитални медиуми (ЕОДМ).
Настанот е во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС) и во соработка со собраниската Комисија за одбрана и безбедност, во рамки на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, финансиран од Британска амбасада во Скопје.
Како што информираат од ИКС, поздравно обраќање ќе има генерал д-р Павле Арсоски, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност и претставување на проектот Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации од страна на Александра Теменугова од Институт за комуникациски студии.