На инстаграм страницата studentarijamk осамна реакција во која пишува дека е укинат субвенционираниот оброк за дел од студентите што живеат од семејна пензија поради починат родител. Од таму информираат дека оваа студентска категорија до сега немала проблем со земањето на субвенционираниот оброк. Од таму сметаат дека укинувањето на правото на студентски оброк за ова категорија студенти е неправедно и социјално неодговорно.
„Прекинато е правото на субвенциониран студентски оброк на голем дел од студентите што земаат наследена семејна пензија од починат родител. Оваа социјална категорија студенти досега немаше проблем во остварувањето на правото на оброк, но од месецов се лишени од користење на мерката. Семејната пензија, исто како и државните стипендии, не треба да се земаат предвид како месечни приливи и да бидат пречка во стекнувањето на правото на субвенции за оброк“, пишува на инстаграм страницата студентаријамк.
Ве реакцијата на „Студентаријамк“, пишува дека во изминативе денови, од почетокот на мај, добиле многу реакции од студенти на кои им е прекинато правото на субвенциониран студентски оброк.
„Станува збор за студенти кои примаат семејна пензија поради починат родител. Иако овие студенти со месеци редовно ги добиваа средствата за оброк, од овој месец повеќе не се на списокот на корисници. Причината – нивните месечнин приливи, односно пензијата.
„Студентарија“, инфорира дека според моменталните критериуми, студентите кои имаат месечни приходи над минималната плата немаат право на оборк.
„Меѓутоа семејната пензија не не избор, туку социјално право што се добива поради загуба на родител. Дополнително, според информациите на „Студентарија“, прекинато е првото на оборок не само на оние што земаат пензија во износ над минималната плата, туку и на дел од оние што земаат под минимална плата – што создава уште поголема конфузија и чувство на неправда.
Пред надлежните „Студентарија“ потенцира да потенцира дека:
- Семејната пензија не е луксуз, стуку социјално право кое државата го дава за да пмогне!
- Студентие што ја примаат семејната пензија се ранлива категорија и не смеат да бидат исклучени од други форми на поддршка,
- Никој не избира да изгуби родител!
Студентарија, потенцира дека ‘Студентите што примаат семејна пензија не треба да се третираат исто како оние што имаат редовна плата. Тие не се финансиски независни, туку живеат од поддршка која ја добиваат поради трагичен настан, а често ја делат со своите браќа и сестри’.
„Изненадното укинување без најави или дополнително појаснување од институциите создава несигурност и чувство на дискриминација“, пишува на инстаграм страницата на „Студентаријамк“.
Од таму информираат дека „Студентаријамк“ ја проследила реакцијата и до Министерството за образование, од каде очекуваат преземање на чекори за решавање на овој предизвик.
Од друга страна пак, министерството за образование на чело со министерката, Весна Јаневска, во изминатите неколку денови, преку медиумите ги повикуваше студентите да аплицираат за студентски оброк, (рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година кој заврши вчера, траеше пет дена).
Неодамна, пратениците од власта предводени од Христијан Мицкоски, ги усвоија измените на Законот за субвенциониран оброк. Власта тогаш се пофали дека отсега работниот статус не е ограничувачки услов за студентите и дека правото ќе можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од просечната нето минимална плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.
Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: e-uslugi.mon.gov.mk.
Во објавениот повик се наведени информации за условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, како и контакти за поддршка при аплицирањето.
„Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат повторно да аплицираат. Овој рок е исто така отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови“, информира Министерството за образование и наука.