Студентите на белградскиот Православен богословски факултет во блокада денеска со почеток во14 часот ќе одржат помен за загинатите во дискотеката во Кочани и за луѓето загинати при уривање на бетонска настрешница во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград.
Во објава на Инстаграм напишаа дека поменот ќе се одржи во во црквата Свети Никола во Белград.
Тие до граѓаните упатија повик за заедничко учествуво на молитвен собир и сеќавањето на загинатите во Нови Сад на 1 ноември 2024 година како и на загинатите во Кочани на 16 март 2025 година“.