Во моментов пред седиштето на Јавниот медиумски сервис во Белград, се одвива еден од најголемите протести пред државната телевизија. Студентите и граѓаните бараат објективно известување.
Студентите истакнуваат дека се незадоволни од известувањето, на Радио телевизија Србија, бидејќи таквиот стил поттикнува уште поголем раздор меѓу граѓаните.
Протестите се одвиваат под слоганот „Нашето право е да знаеме сè“.
‘РТС е должна објективно, навремено и непристрасно да известува за барањата на студентите и за блокадите и за нивните протести, но тоа не е така’, велат студентите.
Тие ги повикаа граѓаните да им се придружат.