Студентите во блокада најавија нови протести утрово низ Белград

Студентите во блокада најавија за денеска од 7:00 до 10:00 часот нови блокади низ Белград.

„Има метеж во градот? Белград на барикади“, објавија студентите во блокада на социјалните мрежи.
До доцна синоќа – веќе седми ден – блокади имаше низ Белград, Ниш, Ужице, Заечар, Нови Сад, Нови Пазар, Чачак…

Блокадите на протестите во градовите низ Србија почнаа откако студентите повикаа на граѓанска непослушност по протестите на Видовден во Белград на 28 јуни.
Со протести и граѓанска непослушност, студентите и граѓаните кои ги поддржуваат, бараат ослободување на сите оние кои, како што тврдат, биле нелегално уапсени на 28 јуни за време на протестот на Видовден, како и распишување вонредни избори и отстранување на шаторите во близина на Собранието и распуштање на собирот во Пионирски парк, што е веднаш спроти Собранието на Србија.

Зачлени се на нашиот е-билтен