Судот во ОАЕ ги осуди на смрт убијците на израелско-молдавскиот рабин Зви Коган

Федералниот апелациски суд во Абу Даби осуди денеска на смрт три лица поради убиството на израелско-молдавскиот рабин Зви Коган (28), јави државната новинска агенција на таа земја.

Според пресудата, Коган бил убиен во терористички напад во Обединетите Арапски Емирати во ноември минатата година.

Убиениот рабин бил претставник на Хабад, православна еврејска група која има ограноци низ целиот свет и се обидува да изгради врски со неповрзани и секуларни Евреи или други секти на јудаизмот.

Зачлени се на нашиот е-билтен