Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Судовите се предомислија и го осудија Васил за трговија со дрога на три години и десет месеци затвор

Скопска Апелација ја прифати жалбата на Обвинителството и ја преиначи казната за Васил Јованов за поседување и продавање марихуана и кокаин. Претходно Кривичен суд пресуди воспитна мерка за него. Сега, откако Апелациониот суд ја преиначи пресудата, Јованов е правосилно осуден на вкупно три години и десет месеци казна затвор.

Судот пресудил пред два дена, а деталите за пресудата беа објавени денеска – само два часа откако родителите на Васил Јованов за првпат се појавија во јавност со адвокатот на нивниот син.

Апелациониот суд во Скопје ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов, за претходното кривично дело каде е фатен со 80 кесички амфетамин.

„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KЖ- 1047/24, на нејавна седница одржана на ден 05.02.2025 година, ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот В.Ј. од С., а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи. Решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1439/24 од 31.07.2024 година, го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом на начин што за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 1-една година и за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 в.в член 22 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 3-три години и согласно член 44 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, СЕ ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 3-три години и 10-десет месеци“, стои во пресудата од судот.

Зачлени се на нашиот е-билтен