Светска позната марки е оштетена со над над 160 милиони евра годишно од царините на Трамп

Данскиот производител на накит „Пандора“ објави дека нивните трошоци поради царините на Трамп ќе бидат околу 1,2 милијарди дански круни, односно повеќе од 160 милиони евра годишно.

Акциите на Пандора денеска паднаа за 12 отсто на најниско ниво во последните 15 месеци, откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе реципрочни царини за увоз од повеќе од 180 земји и територии.

Администрацијата на Трамп воведе царина од 37 проценти на Тајланд, каде што Пандора поседува две фабрики каде што произведува најголем дел од своите нараквици и друг накит.

Американскиот пазар е клучен за Пандора. Минатата година оствари 31 отсто од вкупниот приход во САД.

Пандора соопшти дека размислува за зголемување на цените и промени во синџирот на снабдување за да го ублажи влијанието на американските царини, првенствено за стоките што се дистрибуираат низ САД и се продаваат во Канада и Латинска Америка, пренесува Ројтерс.

Пандора внимателно ќе го следи развојот на ситуацијата, вклучително и дискусиите меѓу САД и земјите погодени од царините, соопшти данската компанија.

Зачлени се на нашиот е-билтен