Свириденко: Украина ја доби работна верзија на текстот на договорот со САД за ретки минерали

Првата потпретседателка на украинската Влада и министерка за економија Јулија Свириденко денеска изјави дека ја добиле работната верзија на текстот на договорот со САД за ретки минерали и оти се работи на формулирање на украинскиот став за документот.

– Го добивме текстот на договорот, во моментов работиме на тоа. Тоа е работна верзија, која во суштина го одразува ставот на американските правни советници, ние ја формираме нашата позиција, наведе Свириденко.

Таа додаде дека по формирањето на ставот на Украина за документот, Владата ќе има консултации со Врховната рада. Откако преговарачките тимови ја завршат работата за договорот ќе се гласа во Парламентот.

Договорот треба да им овозможи на САД пристап до природните ресурси, а Украина за возврат бара безбедносни гаранции. 

Зачлени се на нашиот е-билтен