„Тага, шок и неверување“, со овие зборови на Ѓ. К. опишува како се чувствувал откако дознал дека еден од убиените во невидениот масакр во Цетиње е неговиот пријател Ј.О.
Тој објави фотографија со својот пријател, а со неколку зборови опиша како се чувствува. Се прости со трогателна порака од пријателот и упати најискрено сочувство до семејството.
„Тага, шок и неверување. Само што дознав дека една од жртвите на лудиот убиец во Цетиње е мојот пријател Ј.О. технички директор на водовод во Цетиње. Тешко е да се најдат зборови за ваква загуба и бесмисленост. Почивај во мир пријателе и мое искрено сочувство до семејството – напиша пријател на својот Фејсбук.
Обвинителката Андријана Настиќ потврди дека во масакрот во Цетиње биле убиени 12 лица, а меѓу жртвите има и две деца на возраст од 9 и 14 години. Пукањето најпрво се случило во кафана, а убиецот извршил масакр на вкупно пет локации. Осомничениот Ацо Мартиновиќ со часови бегал од полицијата, кога бил опколен си пукал во главата и починал на пат кон болница. Во Црна Гора прогласена е тридневна жалост.