Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Талески: Се остварува сомнежот дека на ДПМНЕ и одговараат тензиите за да ги избегнат клучните теми за кои ги лажеа граѓаните

СДСМ ги осудува настаните кои се случија на денот на албанското знаме, но она што го одбележа овој настан е жалниот привид што го видовме од премиерот Христијан Мицковски и министерот Панче Тошковски додека ја избегнуваа одговорноста. Гледавме како бараат начин да ги обвинат сите, но очигледно е дека им одговараат тензиите заради политички бенефит. Сè поголем е сомнежот дека на власта и одговара ова, затоа што се прави дефокус од вистинските проблеми на граѓаните и од клучните теми за кои ги лажеа граѓаните, рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески на гостувањето на емисијата „Анализа“ на ТВ24.

-Лажеа, пред сè Мицковски, дека ќе го вратат старото име на државата, за сега да бидат најголемите северџани. Цела кампања зборуваа дека ќе го поништат Преспанскиот договор, па сега ништо не гледаме од тоа. Велеа дека ќе ја сменат преговарачката рамка, за сега да го слушаме премиерот како вели дека никогаш не рекол дека ќе ја менува. Е, тоа е лицемерието на ДПМНЕ. Тоа се лагите кои сега сакаат да ги прекријат со дефокус. Нека кажат: лажевме сè што ветивме пред изборите, истакна Талевски.

Вакви меѓуетнички тензии се случуваат само кога е ДПМНЕ е на власт. СДСМ 7 години беше на власт и немавме ниту една меѓуетничка тензијата. Затоа и побаравме како партија, а и претседателот на СДСМ, Венко Филипче изјави дека треба да има лидерска средба од која сите ќе излеземе со заеднички став пред граѓаните и ќе се повика на стабилност, додаде Талески.

Во дебатната емисија тој се осврна и на реформите во судство и правосудството кои на голема врата ги најавуваа Мицковски и ДПМНЕ, но она што сега го гледаме се сведува на партизација и закани кон судии и обвинители наместо реформи.

– Ова е алармантно и го потенциравме како партија дека не смее да има политизацијата во клучните сектори на општественото живеење. АНБ е класичен пример за тоа како се врши директна партизација на највисоката безбедносна институција во државата. Но, и она што се случуваше порано, со преслушувањето на 20 илјади граѓани, и за кое после потрошивме цели 4 години, советот за следење комуникации да профункционира, за сега, да гледаме од ВМРО-ДПМНЕ како предложи состев за следење на комунакциите кој е класично партиски, рече Талевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен