Таравари: Групата на Арбен Фетаи е владино орудие, заведено од привилегии и фотелји

Арбен Таравари со соопштение се огласи по повод последните именувања на функционери во Владата, после неговата оставка како министер за здравство.

„Нашите информации за ноќни зделки, уцени и трансфери на интереси се покажаа како целосно точни. Во брзање, на последната седница на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, поранешниот пратеник Салим Сулејмани беше именуван за специјален пратеник во Саудиска Арабија – и тоа не како амбасадор со полн мандат, како што тој и неговите поддржувачи очекуваа. Ова е директно понижување, кое само ја потврдува природата на ниската политичка зделка, во замена за предавањето на пратеничкиот мандат.

Уште еден сценарио што ние го најавивме станува реалност: Азир Алиу се именува за министер за здравство – уште една лична функција што купува молк и предавство на волјата на албанските граѓани.

Овие именувања, заедно со настаните што се очекуваат во наредните денови, се јасен доказ дека групата на Арбен Фетаи е владино орудие, заведено од привилегии и фотелји, кое има само една мисија: да ја уништи Алијансата за Албанците и да ги предаде интересите на албанскиот народ.

Но времето ги разоткрива сите! Вистинското лице на заговорниците поддржани од власта излегува на виделина. Тие секојдневно се изолираат од албанскиот граѓанин, кој веќе ги препознава разликите меѓу чистите идеали на АШ и личните интереси на политичките колаборационисти.

Зачлени се на нашиот е-билтен