„Имам само еден ориентациски компас: Народот! Тој е мојата совест, мојот глас, мојата сила!“, со оваа порака на социјалните мрежи Арбен Таравари ги прокоментира актуелните коментари во врска со неговата одлука да ја напушти коалицијата Влен (Вреди).
Иако веќе не е толку присутен во јавноста, Таравари со оваа порака им става јасно до знаење на довчерашните партнери во Влен која насока ја појкажува неговиот ориентациски компас.
Медиумите и аналитичарите оценуваат дека политичкиот флерт на Арбен Таравари со Али Ахмети за локалните избори може да биде пресуден за идната позиција на актуелниот член на владата и министер за здравство.
Христијан Мицкоски да му ја покаже вратата на Илинденска број 2 – изјави за ТВ 24 висок владин фунцкионер, но истиот функионер не ја отфрла можноста Мицкоски да му понуди на Тарвари да остане во Владата како четврти коалициски партнер, сообено поради неговите пет пратеници.
– Премиерот Христијан Мицкоски планира по први мај да се сретне со коалициксиот партнер Арбен Таравари, по што ќе стане јасно дали и понатаму ќе соработуваме. Премиерот треба да пресече, а евентуалната соработка на Таравари со ДУИ би бил клучната причина зошто би му се заблагодарилe за учеството во Владата – вели за ТВ 24 висок владин функционер.
И додека Мицкоски калкулира, неговите коалициски партнери и екс партнери на Таравари во Вреди се јасни и гласни, местото на крилото на Таравари не му е во Влада. Изет Меџити директно кажа дека во Владата не може да има место за соработници на ДУИ.
Таравари, пак, за за истата ТВ 24 вели дека е растоварен од тоа дали ќе остане во Влада или пак не. Тврди дека има добра соработка со ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, но одлуката за владините партнери е исклучиво на премиерот.