Министерот за здравство Арбен Таравари вечерва рече дека засега останува да биде министер за здравство, иако дел од медиумите објавија информации дека ќе ја напушти коалицијата „Влен“.
– Засега, да. Во „Влен“ се подготвуваме за локалните избори. Нормално, внатре во коалицијата сме во процедура на договарање и во Владата мислам дека стабилна е состојбата така што продолжувам да бидам министер за здравство и се надевам дека ќе изнајдеме најдобро можно решение сите страни да бидат задоволни, изјави Таравари во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“.