Температурите ќе уриваат рекорди, новиот извештај алармантен

По издржувањето на 10 од најжешките години досега, новите проценки укажуваат на постојано растечки закани за здравјето на луѓето, националните економии и животната средина доколку не се запре согорувањето на фосилни горива, нафта, гас, јаглен и дрвја.

Има 80 отсто шанси глобалните температури да надминат најмалку еден годишен рекорд во следните пет години, зголемувајќи го ризикот од екстремни суши, поплави и шумски пожари, се вели во новиот извештај на Светската метеоролошка организација (СМО).

Податоците за прв пат покажуваат дека пред 2030 година светот би можел да доживее една година два степени потопло од прединдустриската ера. Таа можност научниците ја опишаа како „шокантна“, пренесува Гардијан.

По издржувањето на 10 од најжешките години досега, новите проценки укажуваат на постојано растечки закани за здравјето на луѓето, националните економии и животната средина доколку не се запре согорувањето на фосилни горива, нафта, гас, јаглен и дрвја.

Проценките, кои комбинираат краткорочни временски набљудувања и долгорочни климатски проекции, покажуваат дека постои 70 отсто шанса периодот од 2025 до 2029 година да биде 1,5 степени потопол од прединдустриското време.

Тоа значи дека би било речиси невозможно да се постигне амбициозната цел од Парискиот договор, според кој земјите потписнички се обврзаа да го ограничат глобалното затоплување на 2 степени. Треба да се напомене дека целта се базира на 20-годишен просек, но како што светот се загрева побрзо, се стравува дека границата ќе биде надмината.

Студијата, исто така, вели дека има 86 отсто шанси прагот од 1,5 степени да биде надминат барем еднаш во следните пет години. Во извештајот за 2020 година, таа бројка беше 40 проценти.

Прагот од 1,5 степени за прв пат беше надминат во 2024 година, иако се уште се сметаше за невозможно. Сепак, минатата година беше најтоплата во 175-годишната историја на мерења.

Како што светот продолжува да се загрева, прагот од 2 степени сигурно ќе биде надминат, според студијата која комбинира модели од 15 различни институции, вклучително и Метеоролошката канцеларија на Обединетото Кралство, Суперкомпјутерскиот центар во Барселона, Канадскиот центар за климатско моделирање и анализа и Германската метеоролошка служба (Deutscher Wetterdienst).

Веројатноста за затоплување од 2 степени пред 2030 година е многу мала, околу 1 процент, и ќе бара истовремено дејство на повеќе фактори на затоплување, како што е силен Ел Нињо и позитивна арктичка осцилација, но претходно се сметаше дека тоа е невозможно во рок од пет години.

„Шокантно е тоа што дури е можно да се премине прагот од 2 степени“, рече Адам Скајф од Мет канцеларијата, кој одигра клучна улога во собирањето на податоците.

„Прво имаше бројка од 1 процент во следните пет години, но таа веројатност ќе се зголеми како што климата ќе се загрее“, додаде тој.

Последиците нема да се чувствуваат на ист начин насекаде.

Се предвидува дека зимските температури на Арктикот ќе се зголемат 3,5 пати побрзо од глобалниот просек, делумно поради тоа што морскиот мраз се топи, што значи дека снегот паѓа директно во океанот наместо да формира слој што би ја рефлектирал сончевата топлина назад во вселената.

Се предвидува дека Амазонската прашума ќе претрпи повеќе суши, додека јужна Азија, Сахел и северна Европа, вклучително и ОК, ќе имаат повеќе врнежи од дожд.

Се смета дека 2025 година е една од трите најжешки години.

Зачлени се на нашиот е-билтен