„Тепачка“ за градоначалнички позиции во ВМРО-ДПМНЕ, ИК вечерва на потег

Во Белата палатла, вечерва Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржува седница, на која ќе се дискутира за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори.

По седницата во 21.00 часот ќе има изјава за медиуми пред Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. 

Од досега приложеното во медиумкте на оваа тема, најжешко ќе биде за позицијата градоначалник на Град Скопје, каде најсериозни кандидати се министерот за локална самоурпава Златко Перински, кој во последно време , на сите настани, во чекор го следи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Перински во сите изјави е убеден дека градоначалник на Скопје ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Неодамна и Пирински повикувајќи се на изјава на Мицкоски рече дека партиската анкета ќе го каже последниот збор.

Со оглед дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред некоклу месеци ја најави интерната анкета за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори, се очекува вечерва тие да пресечат за тоа кои партиски кандидати ќе истрчаат на теренот за локалните избори.

Инаку Перински не ги крие своите апетити, да седне во градоначалничката фотелја на местото на Данела Арсовска, која исто така беше донесена на градоначалничкиот престол со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавно ја искажав мојата амбиција за градоначалничкото место, но сепак, треба да му дадеме шанса на времето. Да видиме што ќе се случува во иднина, сепак, и околностите се важни во кои ќе се носи одлуката. Верувам дека предлогот кој ќе се даде од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, до извршните тела во рамки на партијата ќе биде најсодветното решение и секако сум убеден сум дека тој предлог кој и да е, ќе биде идниот градоначалник на Скопје. Во моментов навистина уживам во она што го работам, се трудам да го дадам максимумот, а да оставиме да видиме каква ќе биде одлуката на партиските тела па да видиме што ќе се случува“, рече Перински.

Зачлени се на нашиот е-билтен