Почнувајќи од викендов, особено од недела (1 јуни) во нашата Република Македонија ќе започне приливот на топол воздух со потекло од Африка. Во ваква ситуација температурите значително ќе бидат во пораст, што значи дека, конечно може да очекуваме летни температури на воздухот.
Инаку, за време на викендот, односно во сабота и недела (31 мај/1 јуни) времето во нашата Македнија ќе биде сончево со мала до умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Ќе има услови и за ретка појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.
И во Скопје и околината, за време на викендот ќе започне порастот на температурите на воздухот, а времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурите, како што погоре напоменав, особено од недела (1 јуни) ќе бидат летни и во значителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени. Во Скопје и околината температурата за време на викендот ќе се искачи до околу 27 степени.