По прозивките во јавноста дека полициската акција делумно била реализирана, бидејќи главниот осомничен Артан Груби, побегнал со дипломатско возило во Приштина, денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, прстот за овој пропуст го впери во граничната полиција и најави истрага за како што рече пропустите, со што истражните органи повторно пропуштија бегство и тоа на висок функционер кој се терети за милионски криминал во Државна Лотарија на Македонија.
„Сторени се пропусти од граничната полиција, се води темелна истрага и не би сакал да претпоставувам како ќе заврши постапката за тоа. Лично сметам дека не е постапено согласно со процедурите и сторена е грешка при вршење на задолжителни прегледи, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Тошковски пред медиумите го објасни и бегството на Груби, иако бил на стоп листата, (на која има лица за кои истражните органи имаат основано сомнение, ама и лицата кои се бараат од Интерпол), поранешниот вицепремир Артан Груби излегува од земјава, откако му е вратена патната исправа од страна на граничниот полицаец.
Според информации од истрагата, десет минути пред полицијата да дојде и да спроведе претрес, полициски крт бил во дослух со осомничениот и тој влегува во Косово како совозач во дипломатско возило на почесен конзул.
„8 милиони евра е
За криминалот од 8 милионие евра во АД Лотарија на Македонија, осомничени се поранешниот вицепремиер, Артан Груби и директорот на Лотарија, Прпарим Бајрами и двацата од ДУИ.