Министерот за внатерешни работи, Панче Тошковски, денеска појасни дека трите акции на МВР, се во координација со Јавното обвинителство и други безбедносни органи, како Агенцијата за национална безбедност, финансиската полиција и Управата за финансиско разузнавање, кои што секоја во рамките на своите надлежности дадоа огромен придонес во дел од овие акциите.
„Огромна благодарност до стратешките партнери и до нивните служби кои дадоа огромен придонес во постапувањето во трите акции“, рече Тошковски.
Тој појасни дека сите информации кои беа презентирани на денешната прес конференција се за досегашните резултати од преземените мерки и активности, при што потенцираше дека ќе биде испочитувано начелото за презумција на невисност, ‘в’одеји сметка да не се откријат детали кои во овој момент би можеле да наштетат на целосното документирање и комплетирање на тековните актинвости.
Тошковски информираше дека на 15 декември годинава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесени се кривични пријави против 4 лица од Струга и Госитва за сторено кривично дело за терористичка организација. Според министерот за внатрешни работи, на почетокот на оваа година првообвинетиот создал и активно координирал терористичка организација/ќелија, заедно со уште двајца негови сограѓани како и едно лице од Струга.
„Организацијата со основи на идеолошката матрица на познатата терористичка организација ИСИС имала намера на изведување на терористички акт на цивилни – меки цели, односно јавни објекти на територија на територија на Макеоднија. За остварување на таа намера провопријавениот формирал повеќе групи на преку социјалната мрежа Телеграм, на која споделувал пропаганден материјал на ИСИС и регрутирал нови членови. Се обидел да набави огнено оруже но набавил и упатстава за изработка на експлзини направи, кои сакале да ги користат за терористички напади. При претсресот пронајдени се пиштол два лап топа, два мобилни телефони со сим картички и истите се доставени до надлежното обвинтелсатво. По анализата на обезбедените електронски докази во телефонот, утврдено е дека првообвинетиот координира активности во својство на војник на ИСИС, за медиумска промоција со намена на албанско говорно подрачје. На 15 декември, извршен е претрес и кај другите пријавени, при што и од кај нив се одземени, телефони, видео, разна документација, прстен со амблем на ИСИС, и друга литература“, рече Тошковски.
Во ќелијата членувале и други непознати лица од државата и од странство. Не станува збор за лица кои се повратници од ИСИС или од други ризични подрачја, но имале врски и интернет комуникации со насилни екстремисти од странство.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека групата е следена подолго време.