Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трајчулески до Мицкоски: Правите партиски упад во независните тела, ова не е мерит систем

„Во текот на претходните месеци во ова собрание беа доставени и донесени закони во скратена постапка со кои се прави директен упад во правниот систем на државата, со кои се прекинуваат мандатите на членови на државните второстепени комисии и на независните регулаторни тела по сила на закон и тоа во скратена постапка.

Ова е досега невиден преседан во нашата држава, со единствена цел реализирање на партискиот интерес, односно поставување на партиски луѓе на независните регулаторни тела и второстепени комисии.

Се прекинаа мандатите на членовите на државната комисија за решавање во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на државната комисија за решавање по инспекциски надзор, на републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, на агенцијата за електронски комуникации, на комисијата за заштита на конкуренцијата, а во собраниска процедура се предлози за разрешување на членовите на агенцијата за супервизија на осигурувањето и на дел од членовите на регулаторната комисија за енергетика, рече Трајчулевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен