Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трамп до Мадуро: Венецуела мора да ги прифати вратените мигранти

Претставникот на претседателот Доналд Трамп за специјални мисии, Ричард Гренел, отпатува денеска во Венецуела за да побара од левичарскиот лидер Николас Мадуро да прифати „безусловно“ враќање на депортираните Венецуелци, изјави американски официјален претставник.

„Претседателот Трамп очекува Николас Мадуро да ги прими назад сите венецуелски криминалци и членови на банди кои се извезени во САД и тоа да го направи недвосмислено и без услов“, изјави Маурицио Клавер-Кароне, специјален пратеник на САД за Јужна Америка.

Зачлени се на нашиот е-билтен