Трамп: Хутите капитулираа, САД ги запра нападите врз Јемен

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека јеменските бунтовници Хути капитулирале и затоа САД ќе ги стопираат нападите врз Јемен.

Трамп наведе дека Хутите се согласиле да ги прекинат нападите врз трговските бродови во Црвено и Арапско Море, теснецот Баб-ел-Мандеб и Аденски Залив.

– Тие рекоа: Ве молиме, не нè бомбардирајте повеќе и нема да ги напаѓаме вашите бродови, изјави Трамп.

Хутите сè уште не ја коментираа изјавата на Трамп.

Хутите од ноември 2023 година нападнаа повеќе од 100 бродови во знак на поддршка со Палестинците поради војната во Појасот Газа. Поради нападите на Хутите беше нарушен глобалниот транспорт, а компаниите се принудени да бараат подолги и поскапи рути околу јужна Африка. 

Зачлени се на нашиот е-билтен