Трамп ја користи трговската војна за да ги привлече компаниите назад во САД

Фото: EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги повика компаниите да се преселат во САД за да ги избегнат новите царини, а откако трговската војна со Кина ескалираше со стапување во сила на високи увозни давачки.

„Сега е совршено време да ја преселите вашата компанија во САД, како што тоа го прават Епл и многу други, во рекордни бројки“, објави Трамп на својата платформа Трут Соушл (Truth Social), ветувајќи „нула царини“ и „без еколошки одложувања“.

„Не чекајте – сторете го тоа веднаш“, додаде Трамп.

Зачлени се на нашиот е-билтен