Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ја обвини Кина дека не го почитува билатералниот договор за царините.
„Без големо изненадување Кина целосно го прекрши договорот“, објави Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушал“ (Truth Social), без да наведе детали за прекршувањата на Пекинг.
И американскиот секретар за финансии Скот Бесент оцени дека трговските преговори помеѓу САД и Кина се „на мртва точка“.
САД и Кина ги намалија царинските стапки за 115 проценти, оставајќи 30 проценти од царинските давачки за кинеските стоки што доаѓаат во САД, а само 10 проценти за американските стоки што доаѓаат во Кина.
САД и Кина на 12 мај во Женева постигнаа договор за намалување на царините за 115 отсто, оставајќи 30 проценти од царините за кинеските стоки увезени во САД, а само 10 проценти за американските стоки увезени во Кина.
Трамп во април воведе царини од 145 отсто за кинеските производи, а Пекинг возврати со зголемување на царините за увоз на американските артикли на 125 проценти.