Трамп: На САД не и треба ништо од Канада

Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку објави на својот профил на Truth Social дека со нетрпение очекува да се сретне со канадскиот премиер Марк Карни, но повторно ги истакна своите тврдења дека САД даваат премногу поддршка на Канада.

Според Трамп, на САД не треба „ништо“ од Канада „освен нивното пријателство, кое се надеваме дека секогаш ќе го одржуваме“.

„Тие, од друга страна, имаат потреба од СЀ од нас! Премиерот наскоро ќе пристигне и тоа, најверојатно, ќе биде моето единствено прашање од значење“, додава тој.

Во меѓувреме, со 25 минути доцнење, Карни пристигна во Белата куќа, а средбата е во тек. 

Зачлени се на нашиот е-билтен