Трамп не планира да ја продолжи паузата од 90 дена за воведување на царините

Претседателот на САД, Доналд Трамп во Градината на розите во Белата куќа, 19 мај, 2025 г. Фото: Официјална фотографија на Белата куќа од Карлос Фајф (The White House), јавен домејн, Викимедија комонс
Претседателот на САД, Доналд Трамп во Градината на розите во Белата куќа, 19 мај, 2025 г. Фото: Официјална фотографија на Белата куќа од Карлос Фајф (The White House), јавен домејн, Викимедија комонс

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не планира да ја продолжи 90-дневната пауза на царините за повеќето земји по рокот за преговори на 9 јули и дека неговата администрација ќе ги извести земјите дека трговските санкции ќе стапат на сила доколку не се постигне договор.

Трамп вчера во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека известувањата за царини ќе почнат да се испраќаат до земјите со кои не е постигнат договор „прилично брзо“ како што се приближува рокот за преговори.

– Ќе видиме како земјата ќе се однесува кон нас, дали ќе се однесува добро кон нас или не толку добро. Не сме заинтересирани за некои земји, само ќе испратиме многу писма, рече Трамп.

Трамп додаде дека преговорите за царините ќе продолжат, но дека „има 200 земји“ и дека „не можете да разговарате со сите“.

Зачлени се на нашиот е-билтен