Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не знае дали ќе има добри односи со милијардерот Илон Маск во иднина, откако сопственикот на Тесла го критикуваше новиот закон за трошење.
„Отсекогаш го сакав Илон. Видовте какви зборови имаше за мене. Не кажа ништо лошо за мене. Подобро би било тој да ме критикува мене отколку законот, бидејќи законот е неверојатен. Тоа е најголемото намалување (на трошењето) во историјата на нашата земја“, рече Трамп.
Тој изјави дека Маск бил запознаен со тоа како функционира законот за данок и трошењето и дека првично немал проблем со него, но дека проблемите продолжиле кога милијардерот дознал дека тоа ќе влијае на електричните возила.