Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување на дополнителни царини од 200 отсто на увоз на фармацевтски производи и 50 проценти на увозот на бакар.
– Наскоро ќе објавиме нешто за фармацевтските производи. Ќе им дадеме на луѓето една година, една и пол година да дојдат тука, а потоа ќе имаат царини, посочи Трамп.
Тој веќе воведе царини од 50 проценти за увоз на челик и алуминиум, во обид да ја поттикне реиндустријализацијата на САД.
Трамп вчера наведе дека од 1 август ќе стапат дополнителни царини за десетици земји кои имаат трговски суфицит со САД и оти повеќе нема да има одложување на мерката.