Трамп објави царина од 35 проценти за канадскиот увоз почнувајќи од 1 август и навести планови за воведување генерални царини од 15 до 20 проценти за повеќето други трговски партнери.
Тој, исто така, посочи дека новите царини за Европската Унија може да бидат објавени во понеделник, што дополнително ја зголемува неизвесноста на пазарот, објавува CNN.
Вчера во 9:30 часот наутро, индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 0,74 проценти на 24.309,16 поени, францускиот CAC 40 за 0,46 проценти на 7.866,05 поени, московскиот MOEX за 1,15 проценти на 2.700,99 поени, додека лондонскиот FTSE 100 порасна за 0,03 проценти на 8.979,46 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се зголеми за 0,43 проценти на 44.650,64 поени, индексот S&P 500 за 0,27 проценти на 6.280,46 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 0,09 проценти на 20.630,67 поени, но фјучерсите на берзанските индекси во САД паднаа по изјавите на Трамп.

Европските фјучерси за гас за август беа продадени на отворањето на берзата TTF по цена од 35 евра за мегават-час.
Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта се искачи на 66.888 долари, а цената на нафтата од типот Брент се искачи на 68.904 долари.
Цената на златото се искачи на 3.332,59 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,5402 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,16872 долари, што е за 0,12 проценти помалку отколку на почетокот на тргувањето.