Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди рускиот претседател Владимир Путин дека „си игра со оган“ со интензивирање на нападите врз Украина.

„Она што Владимир Путин не го сфаќа е дека да не бев јас, многу навистина лоши работи веќе ќе и се случеа на Русија, и мислам навистина лоши. Тој си игра со оган“, наведе Трамп во објава на платформата за социјални медиуми TruthSocial.
Трамп претходно изјави дека размислува за воведување санкции врз Русија оваа недела или повлекување од разговорите за прекин на огнот во Украина, бидејќи е се повеќе фрустриран од нападите врз Украина и бавното темпо на мировните преговори, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани извори.