Трамп се закани со оставка на Џером Пауел, шефот на Фед

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја критикуваше работата на првиот човек на Федералните резерви (Фед), Џером Пауел, нарекувајќи го „вечно задоцнет и во заблуда“ и изјави дека неговата оставка треба да дојде „што е можно побрзо“.

Трамп ова го напиша денеска на една од социјалните мрежи.

„Предоцна е да се намалат каматните стапки по примерот на ЕЦБ (Европска централна банка) која тоа одамна го направи. Но сепак, Пауел треба да ги намали сега“, напиша Трамп, и порача дека тој е созреан за оставка.

Во говор одржан во Економскиот клуб во Чикаго синоќа, Пауел изрази загриженост заради високите царини воведени од Трамп, предупредувајќи дека тоа можат да доведат до забавен економскиот раст и зголемена инфлација. Тој потенцираше дека ценовната стабилност и вработеноста може да бидат загрозени.

Ова не е првпат Трамп да го критикува Пауел. Неговиот мандат како претседател на Фед истекува во мај 2026 година. Оваа институција која се грижи за фискалната стабилност на САД се смета за независна и обично Белата куќа не се меша во нејзината работа. 

Зачлени се на нашиот е-билтен