Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Трамп: Операциите за спасување се прекинати, сите се мртви


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „нема преживеани“ во трагичната авионска несреќа во близина на Вашингтон. Тој потврди дека странските државјани биле во комерцијален авион.

Операциите за пребарување и спасување се прекинати, а телата сега се извлекуваат, соопштија официјални лица неколку часа откако патнички авион и воен хеликоптер се судрија во близина на Вашингтон, главниот град на САД.


Во средата вечерта, патнички авион на Американ Ерлајнс и хеликоптер Блек Хок на американската армија се судрија во воздух во близина на аеродромот Роналд Реган во Вашингтон.

Авионот со 60 патници и четворица членови на екипажот летал од Канзас. Во хеликоптерот, кој бил на тренажен лет, имало тројца војници.

Патнички авион се урна во реката Потомак.

Зачлени се на нашиот е-билтен