Трамп: „Тик Ток“ е на продажба, ако сака Илон Маск нека го купи, но да си плати за лиценцата

Доналд Трамп вчера изјави дека се согласува со идејата Илон Маск да ја преземе популарната кинеска видео апликација „Тик Ток“, која е привремено забранета во САД, доколку сопственикот на Икс, Спејс Икс и Тесла сака да ја купи од кинеската компанија „Бајт денс“, но субјектот што го купува „Тик Ток“ да даде половина од својот капитал на САД во замена за лиценца.

Предметниот закон, кој стапи на сила пред три дена, бара од матичната компанија на платформата да ја продаде, под закана за забрана на територијата на САД. Поради ова, социјалната мрежа беше недостапна неколку часа во текот на викендот.

Маск водеше кампања за Трамп и доби советодавна улога на владата за да заштеди пари. Новиот американски претседател предложи „Бајт денс“ да им даде на САД 50 отсто од капиталот на „Тик Ток“ во замена за непримена на законот. „Можеби ни треба согласност од Кина, но сигурен сум дека тие би ја дале“, заклучи Доналд Трамп.

„Блумберг“ претходно објави дека кинеските власти се во прелиминарни разговори за потенцијална продажба за да се избегне забраната што треба да стапи во сила доколку кинескиот сопственик „Бајт денс“ (ByteDance) не го продаде својот бизнис во САД до 19 јануари.

Законот за забрана на Тик-ток беше усвоен со големо двопартиско мнозинство во Конгресот минатата година и беше потпишан од американскиот претседател Џо Бајден.

Сега Врховниот суд заклучи дека законот не го прекршува првиот амандман од американскиот устав, кој ја штити слободата на говорот.

Зачлени се на нашиот е-билтен