Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тренчевска: ДПМНЕ им пресуди на Кавадарчани, го одби амандманот за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Заменик министерот за финансии Николче Јанкјуловски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го одбија амандманот предложен од СДСМ со кој се бараше да се обезбедат средства за изградба на пречистителна станица за отпадни води во општина Кавадарци. Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска на денешната комисија за финансирање на буџет, образложи дека со овој проект трајно ќе се реши проблемот со отпадните води во општината и ќе се подигнат дополнително стандардите за живот и за заштита на животната средина.

„Пречистителната станица треба да се изгради за да се исполни основната цел, односно, прочистување на отпадните води во градот и истата би била лоцирана после село Марена на излезот од Кавадарци“, рече Тренчевска.

Зачлени се на нашиот е-билтен