Во Крушево денеска ќе се одржи Третата светска конференција за религиски дијалог и соработка, во организација на Центарот за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Конференцијата ќе се одржува до 27 јуни.
Како што е најавено, овој настан ќе собере еминентни професори и експерти од повеќе од 20 земји од целиот свет, вклучувајќи ги САД, Австралија, Тајван, Јужна Африка, Иран, Италија, Холандија, Данска, Естонија, Полска, Украина, Романија, Србија, Хрватска, Бугарија и Македонија.
Конференцијата има за цел да ги истражи клучните теми поврзани со религискиот дијалог и соработката во современиот свет, промовирајќи разбирање и заеднички пристапи кон глобалните предизвици.