Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) денеска организира тркалезна маса на тема „Една година подоцна: До каде е Собранието со борбата против корупцијата?“.
Како што соопшти ИДСЦС, на тркалезната маса учесниците ќе анализираат што е постигнато во изминатите 12 месеци и какви предизвици стојат пред институциите во борбата против корупцијата. Ќе се дискутира за мерките кои ги презеде Собранието и Интерпартиската парламентарна група против корупција, како и за пречките во спроведувањето на антикорупциските политики.
Настанот е дел од континуираниот дијалог меѓу пратениците, институциите и граѓанските организации, со цел подобрување на антикорупциските механизми и осигурување на транспарентноста.