Најмалку тројца луѓе загинаа, а 568 беа спасени по избувнување пожар на патнички ферибот во индонезиските води, соопштија властите.
Инцидентот се случил вчера околу пладне, додека фериботот пловел кон Манадо – главниот град на провинцијата Северно Сулавеси – на својата редовна рута од пристаништето Мелонгване во истата провинција, изјави адмирал Франки Пасуна Сихомбинг, командант на морнарицата во Манадо.
Во спасувачката операција биле вклучени брод на крајбрежната стража, шест спасувачки пловила и неколку гумени чамци. Спасувачите извлекле десетици патници од морето и ги префрлиле на блиските острови. И локални рибари учествувале во спасувањето на преживеаните.