Туристите ги блокираат улиците и ги спречуваат итните служби да стигнат до вулканот Етна

Илјадници туристи се собраа на вулканот Етна на Сицилија за да гледаат спектакуларни ерупции, но некои ги блокираат улиците и ги спречуваат итните служби да стигнат до оние на кои им е потребна помош, предупредија денеска локалните власти.

Шефот на регионалната служба за цивилна заштита, Салво Кочина, изјави дека однесувањето на туристите во последните денови е многу опасно, предупредувајќи дека голем дел од нив паркираат по тесни улички, го спречуваат минувањето на возилата за итни случаи и создаваат метеж, пренесува Гардијан.

Според него, ситуацијата се влошува навечер, бидејќи многу туристи се изложени на ризик да паднат и да се повредат.

Зачлени се на нашиот е-билтен