Полска нема да прифаќа илегални мигранти што некој сака да ги испрати на нејзина територија, изјави полскиот премиер Доналд Туск, откако Германија објави дека ќе ги одбива од своите граници ваквите мигранти, вклучително и барателите на азил.
-Ќе имаме многу теми за дискусија, за да не се добие впечаток дека некој, вклучително и Германија, сака да испраќа групи мигранти во Полска. Полска нема да го прифати тоа, рече Туск на прес-конференција, пренесоа британските медиуми.
Германскиот министер за внатрешни работи, Александар Добринт, издаде наредба претходно вчера за одбивање влез во Германија на мигрантите кои немаат потребна документација, вклучително и баратели на азил.
Добринт ја објави одлуката за поништување на официјалната инструкција од 2015 година со која им се дозволуваше на недокументираните државјани на трети земји да влезат со цел да се намали нелегалната миграција, велејќи дека бројот на мигранти е сè уште превисок.
Добринт, член на конзервативниот блок на Мерц, планира да испрати дополнителен контингент од околу 3.000 полицајци на границите за да ја спречи нелегалната миграција, со што бројот на гранични полицајци ќе се зголеми на дури 14.000, објави берлинскиот весник „Билд“.