Уапсени над 1.800 лица во голема полициска операција против измами во Азија

Во заедничка полициска операција спроведена ширум Азија уапсени се над 1.800 луѓе поради вмешаност во измамнички мрежи, соопшти денеска полицијата во Хонг Конг.

За време на операцијата пресретнати се лажни приливи на околу 20 милиони американски долари, затворени се измамнички мрежи, во рок од еден месец замрзнати се речиси 33.000 банкарски сметки.

Уапсените лица се на возраст од 14 до 81 година.

Операцијата е спроведена од полициите на Јужна Кореја, Тајланд, Сингапур, Макао, Малезија и Малдиви.

Заедничката полициска операција беше насочена кон случаи на онлајн купување и телефонски измами, како и измами со инвестиции и со вработување.

Зачлени се на нашиот е-билтен