Украина и Русија без напредок во Истанбул – Зеленски упатува критики

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази жалење за она што го нарече пропуштена можност за мир по кратките разговори меѓу делегациите од Русија и Украина денеска во Истанбул.

„Оваа недела, имавме реална шанса да се придвижиме кон завршување на војната – само (рускиот претседател Владимир) Путин да не се плашеше да дојде во Турција“, објави Зеленски на X од маргините на самитот на европските шефови на држави и влади во Албанија.

Зеленски рече дека бил „подготвен за директна средба со него за да ги реши сите клучни прашања“, но „тој не се согласи на ништо“, пренесе ДПА.

Зеленски јавно го повика Путин минатиот викенд да се сретне со него лично во Истанбул. Путин не одговори и наместо тоа на разговорите во Турција испрати делегација со понизок ранг. 

Зачлени се на нашиот е-билтен