Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема да ги признае руско-американските преговори за ставање крај на војната во Украина, пишува британски Гардијан. Првата фаза од преговорите треба да започне во вторник на 18 февруари во Ријад, Саудиска Арабија.
„Украина нема да учествува во овие преговори, не знаеме ништо за нивното одржување во Саудиска Арабија. Украина верува дека преговорите за Украина без неа се без резултати. Ние не ги признаваме таквите резултати“, рече Зеленски.
За потсетување, американската и руската делегација во вторник се среќаваат во Ријад, Саудиска Арабија во првата фаза од преговорите за ставање крај на војната во Украина. Како што претходно најави Кремљ, првично ќе се работи на обновување на односите, како и подготовка за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Владимир Путин.